Пејачката Аријана Гранде (30) и Далтон Гомез (27) се разведуваат, потврди извор за „PageSix“.
Извори блиски до пејачката и агентот за луксузни недвижности велат дека тие се разделени од јануари – но остануваат во пријателски односи.
– Заедно донесоа одлука – истакнува изворот и додава:
– Имаа проблеми пред јануари, но сакаат да останат најдобри пријатели.
– Гомез ја посети Аријана на снимањето на филмот „Wicked“ во Лондон во последен обид да го спаси својот брак, но тоа не му успеа – вели изворот.
– Тие беа навистина добри пријатели во текот на целиот процес, а нивните пријатели и семејства се обидуваат да ги заштитат – наведува меѓу другото изворот.
Ниту едната ниту другата страна не се изјасниле за овие наводи.
Да потсетиме, Аријана ги започна гласините за развод кога се појави на Вимблдон, на мечот меѓу Новак и Алкараз, без бурма на раката.