Како да го искречите станот за да изгледа поголем? Дизајнерката на ентериерот на семејството Бекам откри корисен трик

popara17 јули, 20231min00
367325_krecenje-shutterstock-1880008357_ff

Познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам не препуштаат ништо на случајноста, па грижата за уредувањето на својот дом и ја довериле на искусната дизајнерка Кели Хопен.

Таа е тука за нивниот дом да изгледа совршено, а сега одлучила да ги сподели своите мали тајни со остатокот од светот.

Овој пат таа се фокусираше на украсување на ѕидовите, бојадисување, избор на бои и техники, се со цел да постигне визуелно поголем простор.

Честото прашање што луѓето си го поставуваат кога ќе почнат да го прилагодуваат просторот во кој живеат е каква боја да изберат, но и дали ѕидовите, вратите, мебелот треба да бидат обоени во иста боја…

Кели е сигурна и нејзиниот одговор е дефинитивно „ДА!

– Старомодно е да се бојадисува се бело. Посебно помалите простории, треба да се фарбаат во една боја (не зборувам за темни нијанси). Зборувам за убави и неутрални бои кои го прават просторот визуелно поголем – советувала таа.

@kellyhoppen

Wallpaper or paint for the wall of your fireplace? #kellysdesigntips #interiors #interiordesign #styleideas #interiordesigner #designer

♬ original sound – kellyhoppen – kellyhoppen

– Размислете за ходникот. Многу врати, рабови, лајсни. Ако почнете да ги фарбате во различни бои, визуелно ќе изгледаат шарено и вашиот мозок ќе полуди – рекла таа.

Дизајнерката смета дека треба максимално да ја искористите природната светлина која ви е достапна и дека неутралните бои дополнително ја надополнуваат. На тој начин просторот ќе биде визуелно поголем!

Погледнете во видеото како детално објаснува овој дизајнер на ентериер:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag