Море, лето, плажа, па романтични зајдисонца со звукот на брановите… Некако се оди во насока на летната љубов.
Ако вие никогаш не сте имале летна романса, сигурно знаете некој кој се вратил од одмор на љубовните крилја, воздивнувајќи за топлите летни вечери.
А зошто се заљубуваме и полесно влегуваме во врски на море?
За почеток, тоа е период кога запознаваме нови луѓе. За време на одмор или какво било патување, логично е дека ќе сретнете многу од нив.
Понатаму, на море сте многу поопуштени. Кога нема секојдневен стрес, напнатост, се намалуваат инхибициите кои постојат во секојдневниот живот и се зголемува шансата за влегување во врска.
Сепак, луѓето се значително покомплицирани, а партнерските односи се сложени.
Затоа по „еволутивно поттикнатата“ почетна страст, партнерите често остануваат разочарани.
Некој можеби очекувал повеќе или како што велат – мислеле дека се заљубени, но всушност тоа било само занес.
Инстант страст и голема привлечност, но каде е вистинската љубов?
Летната романса има важни карактеристики како инстант страст или еротска привлечност. Значи, хормоните се во воздухот, а наочарите во розова боја се ставени. Сепак, ова не е доволно за да се развие она што овие истражувачи го нарекуваат целосна љубов.
Покрај страста, поддржувачите на оваа теорија велат дека целосната љубов бара и блискост и лојалност.
Блискоста се однесува на чувството на интимност и поврзаност со партнерот. А кога станува збор за лојалноста, постојат две клучни работи – краткорочна одлука да го сакате партнерот и долгорочна одлука да ја зачувате таа љубов и да останете со партнерот.
Кога овие три работи (страст, лојалност и блискост) се во рамнотежа, зборуваме за целосна љубов.
И навистина сè може да започне со експлозија на страст, но проблемот настанува кога тој почетен еротски набој не прерасне во желба за понатамошно запознавање и развој на блискост и лојалност. Тогаш приказната завршува.
Понекогаш, летните љубови навистина можат да бидат увертира за позрел и поцелосен вид на љубов.