Само додадете неколку капки од ова во кофата со вода
Веројатно сте чуле за глицеринот и неговата употреба во медицината, козметологијата, прехранбената индустрија и земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот?
На пример, со помош на глицерин, чистењето на куќата ќе стане песна!
5 начини на кои можете да ја исчистите вашата куќа со глицерин:
- Брилијантно чисти подови
За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофата со вода.
- Ослободете се од прашината на долг рок
За да го направите ова, додадете малку глицерин во садот со вода. Навлажнете ја крпата со таа вода и избришете ги површините. Прашината нема да ја видите најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.
- Ги отстранува дамките од облеката
Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете на дамката и измијте ја дамката по половина час.
- Правилно одржувајте на мебел од кожа
Ако имате изгребан мебел од кожа, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.
- Прозорци
Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците со оваа мешавина. Долго време, ниту прашина ниту нечистотија нема да ја нарушат чистотата на вашите прозорци.