Не го фрлајте талогот од црното кафе бидејќи може да се користи за одржување на домаќинството, за борба против штетници, но и за нега на телото.
Откако ќе го испиете кафето, почекајте да се исуши талогот и потоа можете да го користите.
* Доколку забележите мравки во кујната, на терасата или каде било во станот, доволно е талогот од две чаши да го ставите на послужавник и мравките ќе се повлечат бидејќи всушност бегаат од тој мирис. Ако имате градина и забележите полжави, посипете талог од кафе околу цвеќињата и ќе ги снема.
* Измешајте го талогот од кафе со водата што ја користите за наводнување на цвеќињата и ќе добиете природна исхрана за вашите растенија.
* Користете го за пилинг и антицелулитна масажа. Грубите честички и киселата содржина на кафето делуваат како совршен пилинг за кожата. Измешајте го талогот од кафе со малку вода и кокосово масло и користете го под туш бидејќи ефикасно ги отстранува мртвите клетки од кожата. Може да ви помогне да го намалите целулитот со масирање на местата каде го има.
* Исушениот талог ставете го во тегла без капак или завиткајте го во салфетка и ставете го во фрижидер. Во овој случај, кафето делува како природен освежувач, бидејќи ќе ги собере сите непријатни мириси од храната.
* Кога лупите кромид или подготвувате риба, истријте ги рацете со талог од кафе. Мирисот на овие намирници од вашите дланки и прсти ќе исчезне побрзо.
* Со помош на стапче за уши, нанесете талог од кафе на гребнатини на дрвениот мебел и оставете го да отстои десет минути, а потоа избришете го со памучна крпа. Оштетувањето на дрвените делови ќе биде помалку видливо.
И уште нешто…
Ставете малку талог од кафе во пепелникот и непријатниот мирис од цигарите брзо ќе исчезне.