Ева Лонгорија посветува големо внимание на вежбањето, што може да се забележи
Aктерката летува во сончевата Шпанија, поточно во Марбела.
Таа беше забележана како се сонча и го привлече целото внимание во едноделен костим за капење. Познато е колку актерката е посветена на вежбањето, а тоа не може да се занемари.
Таа избра розов костим за капење, боја која е особено популарна оваа сезона. Има изразено деколте и изрез на средината на грбот, што актерката одлично го носи на прагот на шестата деценија.
Морскиот изглед го заокружи со беж капа и златен накит, додека на лицето нема шминка и можеме да кажеме дека изгледа одлично.