Дали ноктите ви растат брзо или бавно? Доколку ја забележите оваа промена, обратете се кај вашиот лекар!

popara19 јули, 20231min00
22065_zuti-nokti_f

Косата и ноктите се чести показатели дали се е во ред со телото

Така, белите промени на ноктите укажуваат на тоа дека на телото му се потребни витамини и минерали, додека честиот првут може да биде симптом на насобрани токсини во телото.

Сепак, што друго може да се види на ноктите?

Симптомите на слаба циркулација обично се појавуваат во стапалата бидејќи протокот на крв е блокиран. Токму овој здравствен проблем влијае на должината на ноктите на нозете, па затоа е важно да внимавате колку брзо ви растат ноктите.

Еден од знаците на периферната артериска болест, според експертите на клиниката Мајо, е „забавен раст на ноктите“.

– Проблемот со периферната циркулација може да доведе и до болни грчеви во мускулите на листовите по интензивни активности, но и по долга прошетка или качување по скали – велат научниците.

Ногата може да утрне и да се јави чувство на слабост, а потколеницата и стапалото може да станат ладни. Поради недоволен проток на крв, бојата на нозете може да се промени.

Исто така, слабата циркулација може да доведе до губење на косата или застој во растот на влакната на нозете.

Експертите посочија и кои фактори го зголемуваат ризикот од развој на периферна артериска болест:

  1. Пушење
  2. Дијабетес
  3. Дебелина
  4. Висок крвен притисок
  5. Висок холестерол
  6. Возраст над 65 години

– Луѓето кои пушат или имаат дијабетес се изложени на најголем ризик да развијат периферна артериска болест поради намалениот проток на крв – велат експертите од клиниката Мајо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma