Пејачката од албанско потекло јавно објави пораки во кои момчето ја навредува заради вишокот на килограми

popara19 јули, 20231min00
tan2023-04-27152214166-830x0

Пејачката Бебе Реџа на Инстаграм сподели пораки во кои нејзиното момче ја навредува поради вишокот килограми.

Имено, се работи за камерманот Кејан Сафјари, а деталите ги објави на споменатата мрежа во неделата.

Тој само сакал да биде „искрен“ со Реџа за нејзината тежина, се вели во пораката.

-Секогаш велев дека ќе бидам искрен со тебе и твоето лице се менува, па ти кажав за тоа… тоа беше разговор што го имавме и ти праша – се наведува во пораката.

Странскиот медиум не можеше самостојно да го потврди изворот на СМС пораката, а претставниците ниту на Реџа ниту на Сафјари не одговорија на барањата на Инсајдер за коментар.

Да потсетиме, ова доаѓа само неколку недели откако Реџа беше на насловните страни откако еден обожавател ѝ фрли телефон на лицето за време на концертот, поради што ѝ требаа шевови по инцидентот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma