Неизбежно е со текот на времето, по долго користење на телефонот, да има некои ситни или поголеми гребнатини.
Проверете како да ги отстраните гребаниците со состојки кои веќе ги имате дома:
Сода
Направете паста од еднакви делови сода бикарбона и вода, а потоа нанесете ја на гребаницата и нежно тријте.
Паста за заби
Нанесете мала количина паста за заби на мека крпа, а потоа истријте ја на гребаницата.
Детска пудра
Како и со сода бикарбона, измешајте бебешка пудра со вода за да направите паста, а потоа истријте ја на гребаницата.