Роби Вилијамс призна дека пати од ова пореметување! Се мрази себеси, а причината е застрашувачка

popara19 јули, 20231min00
732275_11580014_m

Британскиот пејач Роби Вилијамс призна дека има пореметување поради кое се преокупира со пропусти во физичкиот изглед што ги гледа кај себе.

Тој зборуваше за актуелната борба против телесната дисморфија по козметичките процедури, објави „Daily Mail“.

Поранешната ѕвезда на групата „Take That“ се осврна на губитокот на тежината откако обожавателите ја забележаа неговата слаба градба во видеото објавено од неговата сопруга Ајда Филд претходно оваа година.

Вилијамс објави и цртеж на Инстаграм на кој се прикажани два лика, од кои на едниот пишува дека тоа „отишло предалеку“, а на другиот „благословен да е“.

На сликата напишал и дека неговата „идеална целна тежина“ е онаа кога луѓето се загрижени за него.

– Значи, ако се појави дух и рече дека твојата супермоќ може да биде да леташ или да јадеш што сакаш и да останеш на посакуваната тежина, би ја избрал втората опција – рекол славниот Британец.

Тој истакна дека може да напише книга за тоа колку „се мрази себеси кога станува збор за неговото тело“.

-Тоа е чиста омраза кон себе, грдотија на тоа да се чувствуваш грдо – вели пејачот.

Тој исто така изјави дека поради телесната дисморфија понекогаш мисли дека има повеќе од 40 килограми прекумерна тежина и додаде дека неговиот ум гледа само катастрофа во тој поглед.

– Во моментов сум слаб, но мојот ум вели: „Одлично, Роб. Успеа да ослабеш, а сега си стар. Секоја чест, аплауз – напиша тој.

Тој додаде дека цел живот се бори со ова нарушување и дека никогаш нема да исчезне. Неодамна откри дека поминал неколку козметички третмани.

– Направив неколку работи – ставив ботокс, филери и ја оперирав вилицата. „Изгледав очајно“, рекол Вилијамс, додавајќи дека тоа било пред околу пет години и оттогаш не направил ништо на себе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma