Не фрлајте ја водата од варените јајца – може да направи чуда за вашата градина

popara19 јули, 20231min00
659914_dijeta_m

Секој градинар има свој трик кој прави чуда за неговите растенија.

Без разлика дали се работи за усовршување на рецепт за вештачко ѓубриво или користење на бибер за да се ослободите од штетниците, секој има свој таен рецепт.

Еден едноставен и многу достапен трик е да ги наводнувате растенијата со водата во која се вареле јајца, пренесува „Home Digest“.

Лушпите од јајца природно содржат многу калциум, кој ја одржува pH вредноста на почвата неутрална, од 6,0 до 6,5. Таквата pH вредност им овозможува на растенијата полесно да ги апсорбираат хранливите материи, да градат растително ткиво и го поттикнува нивниот раст.

Бидејќи лушпите од јајцата се богат извор на калциум, треба да ги ставите директно во почвата. Сепак, не е доволно едноставно да се расфрлаат скршените лушпи од јајца на земја бидејќи не се распаѓаат брзо. Ова значи дека вашите растенија нема да ги добијат додека не се распаднат, што може да потрае со недели, ако не и со месеци. За да го забрзате процесот, ги лушпите и наместо тоа наводнете ги растенијата со водата што сте ја користеле за варење на јајцата.

Калциумот од лушпата се испушта во водата додека ги варите, што ја прави доволно богата со калциум. Се што треба да направите е да сварите неколку јајца во големо тенџере со вода. Колку подолго ги варите, толку водата ќе биде побогата со калциум. Кога ќе завршите, оставете ја водата да се олади на собна температура за да не ги изгорите растенијата и да ги уништите нивните корени. Потоа едноставно наводнувајте ги растенијата како со обична вода.

Почвата може природно да има недостаток на калциум или може да биде исцрпена со додавање ѓубрива со висока содржина на калиум, магнезиум или натриум. Освен со професионално тестирање на почвата, тоа можете да го проверите и по квалитетот на вашето растение. Ако вашето растение е здраво и наеднаш лисјата му станат кафеави или жолти, плодовите скапуваат, цветаат и семките се горчливи, веројатно е дека му треба повеќе калциум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma