Бред Пит: Вечен симбол на младоста!

popara19 јули, 20231min00
Screenshot_1

Бред Пит привлече големо внимание на финалето на Вимблдон со својот младешки изглед, но и со видеото каде беше „фатен“ како јаде чипс.

 

 

 

Бројни светски ѕвезди го следеа финалето на Вимблдон, меѓу кои и Бред Пит. Камерите го „уловија“ познатиот актер како ужива во вкусен чипс, а видеото набрзо стана вирално.

Во коментарите под видеото објавено на Твитер, се појавија бројни потсмеања на тема изборот на закуска на актерот. Многумина на шега тврдат дека можеби тоа е тајната на неговиот добар изглед, истакнувајќи дека и самите ќе почнат да уживаат во чипс секој ден.

 

„Се обидувам да видам каков чипс јаде за да ја дознаам тајната на неговата вечна младост“, беше еден од најпопуларните коментари.

 

Покрај изборот на грицки, Бред Пит уште еднаш привлече големо внимание со својот беспрекорен изглед и неверојатната младоликост, па тешко да се поверува дека во декември ќе наполни 60 години.

 

Познатиот актер блесна во лежерна и истовремено многу софистицирана модна комбинација, со сина поло маица и авијатичарски очила за сонце, што предизвика повеќе луѓе да зборуваат за него отколку за мечот во кој младиот Карлос Алкараз го победи славниот Новак Ѓоковиќ.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma