Како да ги отстраните дамките од шминка од облеката: Трик кој ќе ја спаси вашата гардероба

popara19 јули, 20231min00
Screenshot_6

Секоја девојка знае каква егзибиција е соблекувањето маичка или ролка преку лице покриено со течна пудра. Сега постои едноставен трик за отстранување на овие несакани дамки.

 

 

 

Повеќето течни пудри содржат масна фаза и многу тешко се отстрануваат од омилената облека. Како по правило, секогаш го закачуваме лицето кога се облекуваме или соблекуваме и ја валкаме облеката со пудра. Честопати ова се случува и додека пробуваме работи во бутиците. Таквите парчиња облека никој повеќе не сака да ги купи.

 

Сепак, за секој проблем постои решение. Ова ни било речиси пред носот, само не ни паднало на ум да го искористиме. Имено, доколку на маицата додека сте ја соблекувале останала дамка од пудра, послужете се со пена за бричење за ефикасно да ја отстраните. Намачкајте ја дамката со мала количина пена пред да ја перете. Резултатите ќе ве воодушеват, а ќе го зачувате и омиленото парче облека.

 

За трагите од шминка на облеката може да употребите и лак за коса. Доколку на вашата омилена блуза останала дамка од кармин, земете лак за коса и напрскајте преку неа, оставете да делува неколку минути, потоа истапкајте ја дамката со чист туфер и блузата оставете ја за перење. (Ова не важи за блузи што се перат на хемиско чистење).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma