Ким Кардашијан не го криеше задоволството кога ја слушна приказната за своја обожавателка, чиј корсет кој го произведува всушност ѝ го спасил животот.
Анџелина Вајли, која се претставува под името Нина, има 22 години и живее во Канзас Сити.
@honeygxd no but fr, thanks kim 😭😭🫶🏼 #fyp #foryou #gunviolence #kimkardashian #kim #skims #skimsbodysuit #gunviolenceawareness
Таа објави видео во кое откри дека носела SKIMS корсет кога се нашла среде престрелка додека чекала такси.
„Ким Кардашијан ми го спаси животот. На новогодишната ноќ ме застрелаа четири пати. Таа вечер го носев нејзиниот корсет под фустанот. Тој беше толку затегнат на мене што спречи да искрварам“, рече таа, а потоа додаде:
„Тоа е како штит за жените. Наречете го тоа судбина или Божји чин, јас ќе го наречам Ким“.
Ова видео го видела и Ким Кардашијан која го споделила на својот Инстаграм профил и била воодушевена од приказната.