Актерката Рене Зелвегер (54), најпозната по улогата на Бриџит Џонс во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“, се сврши со 10 години помладиот британски водител Анти Астед.
Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, 54-годишната актерка и водителот веќе планираат венчавка.
– Рене и Анти планираат да се венчаат, а деталите ги чуваат во голема тајност. Тие не планираат грандиозна венчавка – изјавиле за „The Sun“ извори блиски до парот и додале дека на церемонијата ќе присуствуваат само најблискиот круг на пријатели и семејството.
Оваа вест пријатно ги изненади љубителите на овој иконски филм. „Бриџит Џонс конечно ја најде љубовта“, гласи еден сладок коментар.