Класичниот сос од туна подигнете го на посебно ниво збогатувајќи го со лута пиперка и балсамико и направете совршена вечера за овие претопли денови.
Состојки (за 4 лица):
250 гр чери домати
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лута црвена пиперка
185 гр туна во масло
половина китка магдонос
400 гр шпагети
3 лажици маслиново масло
сол и бибер, балсамико оцет, пармезан
Подготовка:
Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а доматите поделете ги на половина. Исечкајте ја пиперката на мали коцки. Туната исцедете ја и иситнете, а магдоносот ситно исечкајте го. Сварете ги шпагетите ал денте. Загрејте го маслото во тава и пропржете ги кромидот и лукот. Додадете ги доматите, туната и биберот, па кратко продинстајте ги со кромидот и зачинете со сол и бибер, а за уште позачинет вкус, по желба додадете една лажица балсамико. Исцедете ги шпагетите, додадете магдонос и сос по желба, па посипете со пармезан.
Пријатно!