Како секој маж ’’да трча“ по вас? Експерт за врски открива 2 трикови и тврди дека докажано функционираат

popara20 јули, 20231min00
679823_pexels-andrea-piacquadio-3756344_m

Експертот за врски Слаѓана Трикиќ истакнува дека еден од начините да го натерате мажот да „трча“ по вас е тој да ја преземе целата иницијатива.

Иако многумина би биле најсреќни доколку машко-женските односи беа едноставни, без таканаречени игри и загатки, тоа генерално не е така.

Меѓутоа, доколку сè уште не сте со личноста која ви се допаѓа, терапевтот Слаѓана Трикиќ, специјалист за партнерски односи, има решение.

Таа истакнува дека постојат две работи што можете да ги направите, а кои ќе го натераат мажот ’’да трча“ по вас:

– Првата работа е да престанете да иницирате контакт, да иницирате разговор, телефонски повици, пораки. Значи едноставно, дозволете му нему. Како можете да очекувате некој маж ’’да трча“ по вас, ако постојано трчате во негова насока. Тоа е едноставно невозможно. Значи, нека тој биде тој што е иницијатор и нека биде тој што го прави првиот чекор – вели Слаѓана и додава:

– Втората работа е да го живеете својот живот најдобро. Тоа значи да се грижите за себе, на сите можни нивоа, физички, се грижите за исхраната, но многу, многу поважно, да се грижите за вашето ментално и духовно здравје и состојба. Читајте, патувајте, дружете се, излегувајте, уживајте во животот. Она што е исто така исклучително важно е да работите на градење на вашата здрава самодоверба и враќање на вашата женска енергија, бидејќи женската енергија е она што магнетно ги привлекува мажите – заклучува Слаѓана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag