Докажано е дека медитеранската исхрана го подмладува мозокот за девет месеци доколку се држите до неа година и пол.
Едно истражување што било спроведено во Израел, Германија и американскиот град Харвард ја проучувало медитеранската исхрана.
Се покажало дека префрлањето на диета полна со свеж зеленчук, овошје, риба, цели зрна и маслиново масло прави чуда за биолошката возраст на нашиот мозок.
Меѓународен тим на истражувачи заклучил дека медитеранската исхрана ефикасно ги успорува знаците на забрзано стареење забележани кај дебелите луѓе.
По 18 месеци следење на оваа диета, бил скениран мозокот на оние кои учествувале во испитувањето. Се испоставило дека возраста на нивниот мозок е девет месеци помала од очекуваното.
Во истражувањето учествувале 102 учесници и изгубиле во просек 2,3 килограми. За секој изгубен процент од телесната тежина, мозокот на учесниците бил девет месеци помлад од нивната хронолошка возраст, откриле истражувачите.
Ова истражување покажува дека јадењето поздраво може да биде еден од најлесните начини за подобрување на вашата физичка состојба, без оглед на возраста.
– Нашата студија ја истакнува важноста на здравиот начин на живот, вклучувајќи помал внес на преработена храна, слатки и пијалоци, за зачувување на здравјето на мозокот – вели неврологот Гидон Леваков од Универзитетот Бен-Гурион во Негев во Израел.