Бритни Спирс конечно објави нова песна и фановите ширум светот „полудеа“ по оваа информација.
Станува збор за дует со раперот will.i.am наречен „Mind Your Business“, а коментарите и реакциите за песната се конфликтни. Додека едни се воодушевени, други се прашуваат „што е ова?!“, но не остави никого рамнодушен.
Она што се извлекува како главен заклучок е дека женскиот глас не наликува толку на гласот на Бритни Спирс, бидејќи наводно многу бил „обработен“.
Како и да е, позитивната работа е што поп принцезата конечно се врати во музиката.