Жените полудеа по диетата со домати: Килограмите се топат со невидена брзина, но на една работа треба да обрнете внимание

popara22 јули, 20231min00
6344_pexels-arina-krasnikova-6653638_f

За оние кои не можат долго да издржат на диета, им препорачуваме брза диета со домати која гарантира успех. Само запомнете дека е доста ригорозна и можете да ја држите најмногу шест дена и со внимателна консултација со вашиот лекар.

Диетата заснована на домати е многу едноставна – четири оброци дневно, многу вода, дозволено е кафе без шеќер, дозволени се и чаеви без шеќер, леб (30 грама) е дозволен само за појадок. Доматите можете да ги јадете свежи, варени, печени во рерна или на скара.

Еве како треба да изгледа.

Прв и четврти ден

Појадок – Салата од домати со 50 грама сирење, маслиново масло и босилек, 2 варени јајца и 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Тестенини со сос од домати (сосот се подготвува со 400 гр домати или 350 гр конзервирани пасирани домати, зачините се по желба).

Вечера – супа од домати и зеленчук. Додадете магдонос и една лажица павлака.

Втор и петти ден

Појадок – грчка салата и 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Печени полнети домати со спанаќ и ориз.

Вечера – Подгответе супа од два сечкани главици пржени на маслиново масло, филе од ослич, два големи домати, зачини и една лажица кисела павлака.

Трет и шести ден

Појадок – омлет со домати, 30 грама леб.

Ужина – 350 грама сезонско овошје или чаша сок од домати.

Ручек – Пилешко месо (150 грама) во сос од домати со печурки.

Вечера – говедско месо на скара (130 g) и шопска салата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma