Помогнете и на вашата коса! Совети како да ја заштитите на плажа

popara22 јули, 20231min00
Screenshot_2

Одењето на плажа можеби е релаксирачки за вас, но сонцето и солената вода се стресни за косата. Затоа е важно да се погрижиме за косата, за да е таа здрава и убава и по летниот одмор. Видете ги нашите совети како да се грижите за косата на плажа.

 

 

 

Сите го сакаме летото, сакаме да одиме на море, но по паузата косата и кожата ни се толку стресени, што одмараат колку и ние. Иронија, нели! Затоа е важно да вложиме напори и да знаеме како да ги згрижиме косата и кожата.

 

  1. Грижете се за врвовите

 

Пред да одите на одмор и откако ќе се вратите, посетете фризер. Исчистете расцветаните и оштетени краишта, за косата да ви убава и здрава.

 

  1. Заборавете за стилизирачките производи на одмор

 

Солената вода и стилизирачките производи не се добра комбинација. Ако мислите да ја мокрите косата, нема смисла да и стави гел, пена или лак за коса. Кога стилизираната коса ќе се навлажни во морето, таа станува леплива и се насукува полесно, да не зборуваме за ужасниот изглед. Затоа отидете на плажа со природна фризура – едноставно со исчешлана коса.

 

  1. Заштитете ја косата од сонцето

 

Секогаш ставаме лосион за сончање на плажа. А го правиме ли истото и за косата? Вооружете се со спреј за коса за сончање – тоа важи уште повеќе за дамите со бојадисана коса. Ова не само што ќе ја спаси бојата, но и ќе ја заштити косата од појавата на расцветување.

 

  1. Носете капа

 

Кога сонцето пече силно, шапката ќе ја обезбеди на косата (а и на главата) потребната заштита. Избегнувајте капи од вештачки материјали, бидејќи тие само ќе ја спарат косата. Добрата стара сламена шапка е одличен избор, а зошто не и стилска шамија од лесна материја, обвиткана околу главата.

 

  1. Одете на плажа со мокра коса

 

Звучи чудно, но има логика. Ако ја влажните косата со обична вода пред плажа, тогаш кога ќе влезете во морето, косата ќе апсорбира помалку од штетната за неа солена вода.

 

  1. Секогаш користете балсам / маска

 

По плажа, што и да правите, вашата коса ќе е сува по миењето со шампон. Затоа, не треба да ја чешлате, без да сте нанеле балсам / маска или спреј за полесно расчешлување. Тоа би довело до промена на влакното. Затоа откако ќе ја измиете косата по плажа, нанесете производ за лесно расчешлување и оставете косата да се исуши, по можност без да користите фен.

 

  1. Јадете корисни масти

 

Потхранување на косата од внатре. За да е мека и здрава, е важно да јадете многу корисни масти – лосос, авокдо, ореви и др

 

  1. Капка кокосово масло за здравје и раскош

 

Пред да тргнете на плажа, ставете неколку капки кокосово масло во раката и истријте ја добро меѓу дланките. Потоа нанесете на краевите на косата, за да ја заштитите од појавата на расцветување, без да ја мастите. Ако пак косата ви е сува, не грижете се да ставите повеќе кокосово масло по целата нејзина должина.

 

  1. Заборавете за загревање

 

Сонцето и солената вода доволно ја сушат косата, без дури да ги вклучите во струја пеглата и фенот. Додека трае одморот, а и малку пред и потоа, заборавете на нив. Времето е доволно топло за да се исуши косата брзо, а природните масла може доволно добро да се грижат за стилизирање и здрав изглед. А и има ли нешто посекси за на плажа од несредена фризура?

 

  1. Расчешлувајте внимателно

 

Косата по плажата е многу сува. Затоа треба да сте многу внимателни кога ја чешлате. Ви советуваме да користите чешел со големи забци или четка со природни влакна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag