Кога ќе одлучите да вежбате, мора да следите некои правила и одредени упатства.
Еден вид тренинзи, кој стана многу популарен на „ТикТок“, доби големи симпатии и позитивни критики. Се заснова на три основни правила кои треба да ги следите во текот на една недела:
– три тренинзи за сила
– два тренинзи од низок интензитет
– 8.000 чекори дневно
Прво правило: три тренинзи за сила неделно
Тренингот за сила може да вклучува работа со тегови во теретана, користење тешки шишиња дома или вежбање со телесна тежина. Целта на овие тренинзи е да се изгради мускулна маса, да се зголеми силата и да се подобри тонусот на телото.
Второ правило: два тренинзи со низок интензитет неделно
Овие тренинзи може да вклучуваат јога, пилатес или други вежби кои ја подобруваат флексибилноста на телото, истегнување и релаксација. Тие помагаат да се подобри опсегот на движења, да се одржи флексибилноста на мускулите и зглобовите и да се намали стресот.
Трето правило: 8.000 чекори дневно
Пешачењето е лесен начин за зголемување на целокупната активност и согорување на калории. Обидете се да поставите цел од 8.000 чекори дневно и следете го вашиот напредок со вашиот паметен часовник.
Ако не сте подготвени за толку многу чекори, почнете со помалку чекори и постепено стигнете до 8.000 чекори за да станете фит.
Инструкторите го поддржуваат овој систем бидејќи може да се следи без специјална опрема. Она што го прави посебен е тоа што е добро смислен. Им помага на луѓето да добијат сила и да се фокусираат на мобилноста.