Состојки:
500 гр тестенини по желба
400 мл јогурт
2 јајца
1 литар млеко
100 мл масло
1 лажичка сол
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки. Оставете ги да отстојат на собна температура 1 час. Истурете во намрсен плех и печете на 200 степени околу 40 минути или додека тестенините не омекнат и поруменат одозгора.