Веќе поминаа десет години откако целиот свет со нетрпение го очекуваше раѓањето на првото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон. Наследникот на тронот на британската круна, принцот Џорџ е роден на 22 јули 2013 година во 16 часот и 24 минути во болницата Св. Мери во Лондон.
Оттогаш, малиот принц Џорџ често е во центарот на вниманието и ги воодушевува луѓето ширум светот со своето однесување на официјални настани.
Кенсингтонската палата објави нова фотографија по повод неговиот роденден, направена од познатиот британски фотограф Мили Пилкингтон во Виндзор претходно овој месец. „10 денес! На принцот Џорџ му посакуваме многу среќен роденден“, пишуваше покрај фотографијата на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс.
10 today! Wishing Prince George a very happy birthday! 🎉
📸 @MilliePilks pic.twitter.com/YgREgdI6OW
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) July 22, 2023
На фотографијата, насмеаниот Џорџ е сликан како седи на скалите пред кралскиот замок во лежерна облека – лесна карирана кошула со засукани ракави, џинс и темно кафеави велур чевли од Папуели.
Да потсетиме дека Џорџ е внук на кралот Чарлс III. и втор по ред за британскиот трон, по неговиот татко Вилијам.