Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, е подготвена да му се врати на актерството во римејк на „Телохранител“, објавија светски шоу-биз медиуми, кои потсетуват дека нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана, требаше да глуми во продолжение на блокбастерот од 90-тите.
Според „Експрес“, војвотката од Сасекс, најверојатно, ќе има главна улога во римејкот на класикот од 1992 година, во кој главните улоги ги имаа Витни Хјустон и Кевин Костнер. Во оригиналниот филм титуларниот телохранител Френк Фармер беше ангажиран да ја штити поп-пејачката Рејчел Марон, која ја глумеше Витни.
Проектот на „Нетфликс“, вреден 160 милиони долари, може да го спаси договорот од 154 милиони долари помеѓу Сасекси и стриминг-гигантот, кој наводно стои на стаклени нозе.
Медиумите порано пишуваа дека принцезата Ди сакала да се занимава со актерство, а непосредно пред нејзината прерана смрт во сообраќајна несреќа таа се обидела да стане дел од тимот од можното продолжение.
Во интервју во 2012 година, Кевин Костнер, кој во оригиналниот филм го глуми титуларниот телохранител Френк Фармер, рече: „На студиото му се допадна идејата да се направи ‘Телохранител 2’ со принцезата Ди како нов љубовен интерес. Ние со принцезата разговаравме. Јас кажав дека сум подготвен да ја штитам, исто како што ја штитев Витни. Таа сакаше јас да го напишам сценариото специјално за неа“, изјави Костнер во 2012 година.
Тајниот агент, кој станува телохранител, според сценариото, требало да ја заштитува принцезата од опсесивни фанови и, уште повеќе, од упорните папараци, а на крајот меѓу нив двајца – исто како и во првиот филм – требало да се развие љубовна приказна. Сценариото било завршено на 31 август 1997 година на денот на смртта на Дијана.
Првично, сценариото за „Телохранител“ било напишано за Стив Меквин и Дајана Рос во 70-тите години, но проектот бил завршен дури кога за него се заинтересирал Костнер, кој не само што го толкуваше главниот машки лик туку беше и продуцент на филмот.
Тој исто така инсистирал Витни да пее во филмот. Како резултат на тоа, песната од филмот, I Will Always Love You, стана една од најпопуларните во светот.
Протагонистката на главната хеојка, Витни Хјустон, филмот ја претвори од поп-ѕвезда во ѕвезда на екраните.