Најпопуларните, но и најнепрактичните папучи: Платформата е „ин“, но доаѓа со исчашен зглоб

popara24 јули, 20231min00
papuce-sa-platformom-0791234562-830x0

Веќе некое време влечките се соодветни за дневен стајлинг, а ги има во различни варијанти.

Сепак, најпопуларни се оние кои се во ретро стилот на 90-тите. Некои ги поврзуваат и со куклите „Bratz“, бидејќи со „џамбо“ платформата наликуваат на нешто што овие, повторно актуелни, ликови би го носеле.

Ги има во различни бои, а нивната голема платформа не можете да ја пропуштите. Сепак, тие не се толку практични колку што се убави за оние кои ги купуваат.

Таквата платформа е се почеста на сандали, чевли и чизми, но влечките се значително понестабилни од другите модели на обувки.

Модните куќи како „Fendi“ и „Steve Madden“ имаа посебен светол момент во своите колекции, токму кога меѓу првите го фатија овој „бран“ на популарност и изработија влечки од овој тип.

Иако даваат многу интересен изглед, треба да бидете внимателни со нив и да имате на ум дека не се баш најпрактични. Сепак, многу познати личности не можат да одолеат на трендот и посебно внимателно да се шетаат во овие влечки. Меѓу последните кои ги облекоа беше Никола Пелц, сопругата на Бруклин Бекам.

Поради висината, големината, тежината, но и поради тоа што се прицврстени само на еден дел од стапалото, големи се шансите да завршите со искривен зглоб или некои други повреди.

Во првиот бран кога се појавиле во 90-тите, лекарите констатирале дека најчестиот случај на исчашување на стапалото е главно поради тие влечки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma