ЧИЗКЕЈК СО ПУТЕР ОД КИКИРИКИ: Толку е добар што ќе изедете неколку парчиња по ред

popara24 јули, 20231min00
734662_cizkejk_m

Путерот од кикирики е тој кој му дава посебен вкус на ова одлично задоволство.

Кога станува збор за десертите, веруваме дека овој чизкејк ќе заземе посебно место во вашето срце и стомак:

СОСТОЈКИ:

250 гр путер од кикирики
половина чаша шеќер
150-200 гр бисквити
малку млеко, какао

ЗА ФИЛОТ:

800 гр крем сирење
100 гр шеќер
325 гр путер од кикирики
50 гр кисела павлака
300 мл слатка павлака
100 гр шеќер во прав
кикиритки

ПОДГОТОВКА:

Соединете го омекнатиот путер од кикирики, ситно сечканите бисквити, шеќерот, какаото и малку млеко за да добиете густа смеса, па притиснете ја во тркалезен калап. Изматете крем сирење со миксер со шеќер и путер од кикирики, додадете павлака и сè убаво измешајте. Изматете ја павлаката во тврд крем со шеќер во прав. Измешајте ги двете смеси и добиениот фил премачкајте го преку кората. Се лади во фрижидер, се посипува со сечкани кикирики и се сервира.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag