Лимон – вашата тајна состојка за природно осветлување на косата ова лето

popara24 јули, 20231min00
735162_pexels-dmytro-2732649_m

Покрај сонцето и морето, односно морската сол, кои сами по себе ја прават косата посветла, лимонот може да биде одличен сојузник за осветлување на косата.

Многу жени сакаат да имаат руса коса. Но, процесот на доаѓање до руса коса може да биде многу штетен за вашата коса. Хидрогенот и бојата го уништуваат квалитетот на косата и ја оставаат тенка и сува. Затоа, подобро е да ги избегнувате што е можно повеќе.

Но, бидејќи летото е тука, косата сама ќе се осветли бидејќи сонцето ни ја прави косата посветла. Покрај сонцето и морето, односно морската сол, кои сами по себе ја прават косата посветла, лимонот може да биде одличен сојузник за осветлување.

Имено, сè што треба да направите е да исечете лимон на половина и да го втриете во косата, односно на деловите од косата кои сакате да ги осветлите. После тоа, се што треба да направите е да легнете на сонце и да оставите лимонот да ја направи својата магија. После тоа, косата треба да се измие и да се нахрани со маска или мелем за да не се исуши.

Не очекувајте вашата коса да биде посветла во една сесија. Мора да бидете упорни и да ја повторувате постапката барем неколку пати, но со помош на лимон ќе добиете прекрасни прамени за на плажа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag