Малезија го забрани настапот на познатиот бенд The 1975 кога фронтменот го бакна колегата на сцена

popara25 јули, 20231min00
1975-830x0

Британскиот бенд The ​​1975 соопшти дека ги откажа концертите во Тајван и Индонезија, еден ден откако Малезија му забрани на бендот да настапува таму, откако фронтменот Мети Хили бакна колега од бендот на сцената и ги критикуваше анти-ЛГБТ законите на Малезија.

Поп-рок групата изјави дека поради моменталните околности е невозможно да се продолжи со одржување на закажаните концерти, без подетално објаснување, пренесе Ројтерс.

Малезиската влада во саботата го прекина музичкиот фестивал во главниот град Куала Лумпур и го забрани настапот на The 1975.

Хомосексуалноста е кривично дело во Малезија со мнозинско муслиманско население.

Членовите на ЛГБТ заедницата во Малезија изјавија дека постапките на фронтменот Мети Хили може да ги изложат членовите на заедницата на уште поголема стигматизација и дискриминација.

Концертот на The 1975 требаше да се одржи денес во Џакарта, главниот град на Индонезија, каде хомосексуалноста е табу тема, иако не е нелегална, освен во провинцијата Ачех, контролирана од шеријатот.

Не беше веднаш јасно зошто бендот го откажа своето шоу на 25 јули во Тајван, кој ги почитува ЛГБТ правата, вклучително и дозволувањето на истополовите бракови од 2019 година, објави Ројтерс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma