За гасење жед, супер сладок вкус и со минимален број калории, ова смути е најидеалниот летен избор.
Состојки:
4, 5 парчиња лубеница исечкана на коцки
½ чаша вода
2 лажици јаворов сируп
исцеден голем лимон
банана
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер заедно со ¼ шолја вода и измешајте, по потреба разредете со уште малку вода додека мешате.
Истурете во чаша и украсете со замрзнати коцки лубеница или парчиња лимон.