Светската музичка ѕвезда Селена Гомез вчера го прослави својот 31-ви роденден. Фустанот за прославата кој таа го носела бил многу провокативен, а помеѓу гостите биле Кристина Агилера, Парис Хилтон, Тајга, Дипло, Тифани Хадиш и многу други.
Славеничката имала едно барање за гостите, а тоа било – без подароци! Таа наместо тоа ги замолила да ја поддржат нејзината кауза на која е посветена веќе подолг период.
„Благодарна сум за многу нешта во својот живот, а една од нештата за кои сум најблагодарна е работата која успеавме да ја постигнеме со „Rare Impact Fund“ преку „Rare Beauty“. Поради вас успеавме да ја подигнеме свеста и да го зголемиме пристапот до услуги за менталното здравје за младите луѓе. Ова е мојата вистинска страст во животот“, порачала Селена која нагласила дека не сака роденденски подароци туку донации за „Rare Impact Fund“, секако доколку гостите сакаат да донираат.
Гомез заблескала на роденденската забава во тесен црвен фустан со детали во облик на цветови, во комбинација со црни сандали со црвени цветови. Косата ѝ била високо подигната, а од накит носела тркалезни обетки.
За потсетување, Селена ја започна кариерата на само 7 години глумејќи во серијата „Barney and Friends“, а потоа се истакна со сериите „Wizards of Waverly Place“ и „Only Murders in the Building“, која е наградена со Еми.
Добитничка е на повеќе музички награди, а многу успешно го води својот бренд за козметички производи „Rare Beauty“. Според податоците на „Celebrity New Worth“, нејзиното богатство се проценува на 800 милиони долари.