Холивудската ѕвезда Селма Хајек објави жешки фотографии со нејзиниот сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино.
Селма Хајек скокна на сопругот во базенот. Тој се гледа од страна, а таа блеска во розев костим за капење, со мокра и густа пуштена црна коса.
Фотографиите ги воодушевија обожавателите, кои оставија многу коментари во кои ја пофалија фигурата на Селма и нејзиниот брак.
Франсоа Анри Пино и Селма Хајек се во брак 13 години.
Тој е многу богат, извршен директор е на конгломератот „Kering“, кој поседува многу луксузни модни брендови како „Gucci“, „Bottega Veneta“, „Alexander McQueen“ и „Balenciaga“. Пино ја наследил улогата на извршен директор од неговиот татко, кој ја основал компанијата во 1963 година.
Селма еднаш раскажа дека случајно се запознале.
– Беше толку глупаво. Почнавме да зборуваме за фудбал. И двајцата сме луди по фудбал. А потоа почнавме да зборуваме за науката. Ние ги сакаме вселената и физиката, а тој беше толку паметен, шармантен и смешен – изјави Хајек за АП пред две години.
Латино ѕвездата, инаку, ретко зборува за приватниот живот и бракот со Пино.
На фотографијата која ја објави на Инстаграм, Селма се качи на нејзиниот сопруг. На сликата се гледа дека и двајцата уживаат, а под истата Селма напишала:
– Уживаме во сонцето, морето и љубовта.