Барби репчето е најпопуларната фризура ова лето: Се прави за 30 секунди, а косата ќе ви изгледа поубаво и погусто

popara25 јули, 20231min00
59997_profimedia-0788262372_f

Погледнете го упатството за правење на Барби фризура, летен тренд на кој нема да можете да му одолеете дури и ако не сте обожавател на Барби (или се преправате дека не сте)

Филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг конечно пристигна во кината ширум светот, а со него и – Барбиманија!

На секој чекор гледаме комбинации инспирирани од најпознатата кукла на светот, барби трендот е посилен од кога било, а сега се врати уште еден детал од изгледот на Барби, кој е одличен за летната сезона.

Тоа е фризурата позната како „Вarbie updo“, одличен начин да изгледате модерно додека ви е пријатно на високите летни температури! Овој стил ќе ви даде многу волумен, косата ќе изгледа занесно и густо, а ако на тоа додадете и розов стајлинг – подготвени сте за вашата барби сезона.

Најдобро од сè е тоа што се прави брзо и лесно, а за да ја направите не ви требаат ниту посебни вештини.

Потребно ви е:

Четка за коса

Обично ластиче за коса

Штипка шнола

Не заборавајте прво добро да ја исчеткате косата, најдобро да ја зфрлите нанапред за да додадете малку волумен.

Видео упатството за тоа како да ја направите фризурата може да го погледнете ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma