Денес ја знаеме како дизајнерка, а некогаш Викторија Бекам беше дел од многу популарниот женски бенд „The Spice Girls“.
По распуштањето на групата, Викторија ја продолжи својата независна музичка кариера во раните 2000-ти, но неколку години подоцна се откажа и целосно се посвети на дизајнерската работа, со која се занимава и денес.
Таа за време на викендот во друштво на својот сопруг Дејвид Бекам повторно запеа по повод прославата на победата на Интер Мајами, фудбалскиот клуб во косопственост на поранешниот британски фудбалер. На нејзиниот Инстаграм се појави интересно видео каде парот пее заедно со хит од нејзината група – „Say You’ll Be There“.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Јавноста не може често да ја види Викторија во толку опуштено издание, а сигурно и одговара, бидејќи не ја симна насмевката од лицето.
Иако нејзината музичка моќ отсекогаш била оспорувана, поранешната пејачка не се двоумеше повторно да го земе микрофонот и да се забавува со својот сопруг.