Прозорците треба да се чуваат отворени доколку температурата внатре е повисока од надворешната, тврди научникот.
Највообичаен начин за ладење на куќата е користење на клима уред. Но, доколку немаме клима, се поставува прашањето дали треба да ги држиме прозорците отворени.
Амин Ал-Хабајбех, професор на Универзитетот во Нотингем во Велика Британија, објасни што е најдобро да се прави во текот на топлите летни денови.
– Топлината главно доаѓа од сончевото зрачење и топлиот воздух. Важно е да се избегне ефектот на стаклена градина бидејќи ја зголемува температурата во куќата. Затоа, доколку имате затворен чардак, тераса или зимска градина, важно е да ги држите прозорците отворени во текот на денот и идеално да го изолирате тој простор од останатиот дел од домот – рече тој.
Научникот објасни и дали треба да ги држиме прозорците отворени кога е жешко.
– Отворете ги прозорците кога температурата во куќата ќе стане повисока од надворешната. Во спротивно, чувајте ги затворени, рече тој.
Ако надвор е премногу топло, најдобро е да ги отворите прозорците кога ќе зајде сонцето. Тогаш и надвор е попријатно, па со отворање на прозорецот ќе го разладите домот.
Исто така, доколку користите клима уред за ладење на внатрешноста на вашиот дом тогаш дефинитивно треба да ги затворите прозорците.