
Меган Фокс уште еднаш ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со нови фотографии.
Овој пат таа позираше на плажа во проѕирен фустан кој има шлиц на градите, а ги покри со минијатурно бикини кое едвај ги држеше на своето место. Изгледот го комплетира со нагласена шминка.
Објавата досега собра два милиони лајкови. „Омажи се за мене“, „Секогаш ме изненадуваш кога мислам дека не можеш да бидеш поубава“, „Не сум сама“, се дел од коментарите на Инстаграм.
А објавата може да ја погледнете ТУКА
Таа неодамна позираше во шума облечена во проѕирен фустан од тантела. На почетокот на оваа година, американските медиуми објавија дека таа и нејзиниот вереник, раперот Машин Ган Кели, раскинале откако тој ја изневерил со гитаристката Софи Лојд, но парот на крајот ја обновил својата романса.