
Пејачката и актерка Шер реши да почне да прави сладолед на 77 години.
Многу нејзини колеги се во претприемничките води, во козметичката и модната индустрија. Но, актерката и пејачка Шер дошла до оригинална бизнис идеја.
Таа одлучи да произведува сладолед. Брендот оригинално го нарече „Cherlato“. Сладолед кој ќе се продава во камион, на улиците на Лос Анџелес.
Шер на социјалните мрежи објави фотографија од сладоледот и соопшти:




– Да, ова е реално. Лансирам свој џелато. Лос Анџелес, пази се – напиша Шер.
Изјави дека идејата за свој сладолед дошла пред пет години, но дека дури сега е подготвена да ја реализира. Фановите се воодушевени и веќе смислуваат имиња за вкусови на сладолед.
Шер објави и кратко видео (кое може да го погледнете ТУКА) на Инстаграм на кое покажува светло портокалов и розев камион за сладолед со црно-бели фотографии на кои ужива во корнет. Името на брендот „Cherlato“ е истакнат на страна со големи светло сини букви.