
Досадна, но многу честа појава
Одличната забава во вода, без разлика дали сте на море или базен, може да ви ја расипе самата вода на која толку многу се радуваме.
Водата во ушите не е страшна работа, само може да биде многу иритирачка. Важно е да се напомене дека ако водата ви остане во ушите повеќе од еден ден, тогаш е добра идеја да посетите специјалист.
Како водата се задржува во увото?
Кога има вишок восок во вашето уво, тогаш тој восок во комбинација со водата може да го затне ушниот канал. Ова го спречува излегувањето на водата назад.
Вообичаен пример е и ако вашиот канал е „крив“ и е потешко да се извади водата.
Како да го отпушите увото?
Постојат неколку начини за брзо решавање на оваа „досадна“ појава.

- Гравитација – Оставете ја гравитацијата да си ја заврши работата. Легнете на страната што е затната и почекајте. Со текот на времето, целата вода што ви предизвикува проблеми ќе истече.
- Размрдајте го увото – Свртете го затнатото уво кон рамото. Притиснете го увото со раката и растресете го.
- Вакум – Свртете ја главата како во претходниот предлог и притиснете го увото со дланката за да создадете вакум.
- Фен – Вклучете го фенот на најслабата поставка и насочете го кон увото од доволно растојание.
Не обидувајте се да го отпуштите каналот со стапче, бидејќи можете само дополнително да го затнете. Може да пробате и со капки, кои ќе ви ги препорачаат во аптека, пишува „Healthline.com“.