
Слушајте ги советите што може да ви помогнат
Со возраста, нашата кожа е позрела и бара посебна нега и сосема нова рутина за убавина. Производите и формулациите што делувале порано можеби не се најдобриот избор за нас во 40-тите. За да ги истакнете најубавите делови од себе во текот на летните месеци, потребно е да посегнете по кремасти структури и понежни тонови, а не смеете да заборавите и на редовната хидратација на кожата.
Подолу се дадени пет совети за убавина кои се најдобри за жените во нивните 40-ти!
- Хидратацијата е задолжителна
Хидратацијата пред нанесување на декоративна козметика е апсолутно неопходна. Погрижете се да користите специјализирани производи за вашиот тип кожа – квалитетна хидратантна крема и серум ќе направат вашата кожа да изгледа негувано и сјајоа. Можете да измешате неколку капки од серумот со пудрата, која потоа ќе изгледа уште поубаво на лицето. Сонцето и сувиот воздух може да ја оштетат бариерата на кожата, затоа правилната хидратација треба да биде приоритет во текот на летните месеци.
- Кажете им НЕ на пудрите и руменилата
Пудрите и руменилата ја нагласуваат текстурата на вашата кожа која со годините станува поопуштена со повидливи брчки. Подобро е да се одлучите за течни варијанти на руменила и крем руменила во нијанси на праска, кои се сè попопуларни и одлично се стојат на исончаната кожа.
- SPF е задолжителен во текот на целата година
Сонцето може да создаде хиперпигментација на некои делови од кожата, како и да го зголеми изразот на брчките. Со редовно нанесување на креми со заштитен фактор на лицето, секако ќе ги намалите овие негативни последици, а можеби и ќе ги спречите. Кремите за сончање треба да се користат во текот на целата година, а не заборавајте да ги нанесете и на вратот!
- Водете сметка за своите веѓи
Веѓите се многу важни бидејќи му даваат облик на целото лице. Меѓутоа, со текот на годините, нашите веѓи се истенчуваат и ја губат својата природна форма, па затоа е неопходно да вложиме дополнителен напор да ги задржиме убаво обликувани и постојани. Доволно е да користите сенка за очи или молив во посветла нијанса и задолжително исцртајте го целиот лак на веѓата. Острите контури и потемните нијанси веројатно не се најдобриот избор за жените во 40-тите години.
- Помалку е повеќе
И, конечно, запомнете дека помалку е всушност повеќе. Природната убавина доаѓа до израз во 40-тите и би било штета да ја уништите во желбата да изгледате помладо. Во текот на летото, премногу слоеви на козметика дефинитивно не се добри за лицето. Подобро е да се одлучите за балзам за усни во понежна нијанса, отколку за темен кармин кој остро би го оцртале со молив. Исто така, ако сакате да ги истакнете очите, црн туш веројатно не е најдобрата опција за тоа – топлите тонови на сенки и кафениот молив за очи ќе направат многу подобра работа.