
Шпанската кралица Летиција на отворањето на галеријата во Кралската палата во Мадрид носеше ефектен миди фустан со предизвикувачко деколте.
Женствениот фустан кој кралицата го избра во оваа прилика е комбинација од сива, бела и црна боја. Има црна лента на женственото и длабоко деколте, како и ефективен ремен кој се врзува во машна.










Фустанот со цветен дезен е со А крој, а допира до зглобовите. Покрај прекрасниот фустан од брендот Каролина Херера, Летиција носеше едноставни црни салонки од истиот бренд. Таа понесе и мала чанта од брендот Фелипе Варела.

Кралицата Летиција овој пат изненади со смело и многу длабоко деколте, бидејќи познато е дека најчесто избира позатворени и конзервативни модели на блузи и фустани

Во секој случај, таа блесна, потврдувајќи го статусот на една од најдобро облечените жени во европските кралски семејства.