Кој е рокот на траење на БРАШНОТО, ЧАЈОТ И СЛИЧНИ НАМИРНИЦИ? Обрнете внимание на овие работи!

popara27 јули, 20231min00
1f766f7ba8b491865a74c67411ea8c39af338fdd

Многу домаќинки не внимаваат на рокот на употреба на одредени намирници кои често или секојдневно ги користат во исхраната. На некои можеби веќе им е истечен рокот без да се забележи. Иако не можат да се расипат, по истекот на рокот испечатен на амбалажата, некои од нив го губат вкусот. Еве за која храна станува збор:

Брашно: Рокот на траење на оваа храна е дури две години доколку ја чувате во херметички затворен сад. Инаку, брашното е добро да се користи два до три месеци.

Зачини: Изгледа зачините се последното нешто на кое домаќинките обрнуваат внимание. Ако забележите дека веќе го немаат интензивниот вкус што го имаа кога ги купивте, веројатно им е минат рокот на траење, што е шест месеци од моментот кога биле отворени.

Масло: Може да се користи до една година, освен ако не го затворите добро. За да бидете сигурни дали е добро за консумирање, можете да го мириснете пред употреба – затоа што ќе го препознаете расипаното масло по лошиот мирис.

Чај: Дали се сеќавате кога последен пат сте го погледнале рокот на употреба на кутија чај? Едно пакување може да трае долго, но чајот ја губи аромата три до четири месеци по отворањето. Затоа е неопходно неколку пати годишно да се купува ново пакување чај.