ЌЕРКАТА НА ХАЈДИ КЛУМ ПОКАЖА КАТАСТРОФАЛНИ ИЗГОРЕНИЦИ! Легнала на стомак и не мрда, а кожата и е УНИШТЕНА (ФОТО)

popara27 јули, 20231min00
Leni-Klum-2-

Лени Клум покажа како изгледаат последиците од сончање без крема со заштитен фактор.

Без разлика дали сте заборавиле да нанесете крема за сончање или едноставно поминувате премногу време на сонце, изгорениците на кожата траат многу подолго отколку што би сакале. Дерматолозите велат дека црвенилото и болката обично исчезнуваат по три до пет дена, но доколку имате посериозни изгореници, со плускавци, тие можат да траат и до десет дена. Лени Клум, ќерката на манекенката Хајди Клум се фотографираше топлес, а на следбениците им се пожали за изгорената кожа.

Таа легна на стомак, давајќи им до знаење на следбениците дека не може да спие на грб. „Очигледно не користев доволно крема за сончање“, напишала таа на фотографијата. На кожата на Лени останал само бел отпечаток од костимот за капење, додека останатиот дел е целосно црвен. Ова не е прв пат Лени да биде невнимателна на плажа. Пред една година таа сподели уште една фотографија во костим за капење на лежалка, исто со изгореници од сонце.

Инаку, болката од изгореници обично се јавува два до шест часа по изложувањето на сонце, а максимумот ќе го достигне по околу 24 часа. Во случаи на посериозни изгореници, со лупење на кожата и плускавци, тие се појавуваат обично помеѓу шест и 24 часа по изложувањето на сонце, но понекогаш може да се појават и долго време после сончањето.

Лупењето на кожата е дел од процесот на заздравување на кожата по изгореницата, а најчесто започнува по три дена. Треба да престане кога кожата е целосно опоравена, и може да потрае неколку недели при потешки изгореници. Дерматолозите советуваат да не правите сами пилинг на кожата кога ќе почнете да се лупите, бидејќи тоа може да предизвика дополнително оштетување.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag