Џиџи облече црн тесен фустан со прерамки. Како аксесоари додаде бели чорапи и црни оксфорд чевли, а токму овој момент предизвика двострани реакции.
Џиџи Хадид со години соработува со стилистката Мими Катрел, која се фокусира на винтиџ и ретро парчиња. Тесниот црн фустан со прерамки, веднаш под коленото, владееше со модната сцена во деведесетите, а синоќа Мими го искористи за да го стилизира на модерен начин.
Познатата манекенка беше фотографирана додека пристигнувала на забавата на престижниот бренд „Miu Miu“ во Малибу заедно со своите пријателки. Одеше по улица како да е на пистата, во издание кое го привлекува вниманието, или ви се допаѓа или велите „Никогаш не би го носела ова“.