Публиката ширум светот летово ќе има можност да го погледне филмот „Голда“, за познатата израелска премиерка Голда Меир. Познатата политичарка ја игра оскаровката Хелен Мирен, која е непрепознатлива за потребите на оваа улога.
Филмот ги прикажува контроверзните одлуки што ги донесе политичарката во средината на војната во Јом Кипур во 1973 година, кога нејзината земја претрпе огромни загуби во битката со неколку арапски држави.
Сценариото за „Голда“ го напиша Николас Мартин, а режијата е на Гајо Натив.
“Голда Меир беше застрашувачка, непопустлива и моќна лидерка. Голем предизвик е да се прикаже во најтешкиот момент од нејзиниот несекојдневен живот. Се надевам само дека ќе ѝ оддадам почит”, рекла Хелен Мирен, пишува Дејли Мејл.
“Одамна сум обожавател на големата Хелен Мирен. Таа толку брилијантно се впива во ликот на Голда Меир со неверојатен талент, интелигенција, длабочина и емоции, совршена за богатството и сложеноста на оваа неверојатна жена”, изјави режисерот Гај Натив.
Погледнете го трејлерот: