Селма Хаек не се плаши од стареење, што го потврди со објава на Инстаграм каде гордо им ја покажа седата коса на следбениците.
Мексиканско-американската актерка Селма Хаек е синоним за природна убавина, а откако неодамна откри дека не користела ботокс, на социјалните мрежи сподели фотографија од својата седа коса.
„Еве совети како да ја покриете побелената коса без да ја офарбате“, напиша таа.
„Не ги ставајте очилата на косата“, се пошегува таа, бидејќи на фотографијата ја подигна косата со наочари, со што седите влакна уште повеќе и се истакнаа.
Во неодамнешното интервју за подкастот „Let’s Talk Off Camera“ на Кели Рипа, Хаек рече дека сè уште не користела ботокс. Наместо да става инјекции, Хаек откри дека почнала да медитира за да го задржи својот младешки изглед.
„Некако ја развив оваа чудна медитација. Можам да ја правам со часови бидејќи не го чувствувам времето, а забавно е затоа што не е како да седите и да не размислувате за ништо. Тоа е вистинско чувство во енергијата и се движи и танцување во вас“, објасни таа.