Секоја емотивна врска има подеми и падови. По слаткиот почеток и познатите „пеперутки во стомакот“ доаѓа фазата кога голем предизвик е да се одржи страста и да се преживее како пар.
Но, дали некогаш сте биле во ситуација кога сте почувствувале дека напорот е едностран?
Иако партнерот може да ве убеди дека не сте во право и дека се е во ред во вашата врска, доколку интуитивно чувствувате дека тоа не е така, обрнете внимание на неговото однесување, овие четири „црвени знамиња“ не треба да игнорирате.
1. Емотивно е недостапен
Ако вашиот партнер не ги задоволува вашите емоционални потреби и се чувствувате како да не можете да го достигнете, очигледно не е без причина. Збунетоста и вознемиреноста што ги чувствувате често се резултат на ненадејната емоционална недостапност на вашиот партнер.
2. Избегнување дискусии
Сите парови се расправаат, но кога тоа го прават на конструктивен начин, полесно е да се дојде до решение.
Во моментот кога ќе почнете да „туркате конфликти под тепих“ и ќе изумре секаков вид дискусија, време е да се запрашате во која насока оди вашата врска и дали воопшто имате иднина како пар.
3. Помала интимност
Наклонетоста и интимноста се карактеристични за вљубените парови, без разлика дали се во врска месец или три години.
Ако партнерот повеќе не ви покажува наклонетост, а интимноста речиси изумрела, јасно е дека не се гледа себеси во врска со вас.
4. Тој е фокусиран на себе
Во моментот кога ќе забележите дека не сте првиот приоритет на вашиот партнер, треба да се запрашате зошто дошло до промена на неговата приоритетна листа.
Фокусирањето на себе, со претходен разговор со „другата половина“ е едно, но ненадејната потреба за личен раст и занемарување на саканата личност е сосема друго.
Дали има решение?
Без разлика колку е вознемирувачка ситуацијата, можете да се обидете да ја подобрите и повторно да се поврзете со партнерот. Првиот чекор е, се разбира, отворен разговор.
Обидете се да имате отворен дијалог, со активно слушање, покажување емпатија. Добриот разговор може да ја врати довербата меѓу партнерите и да го олесни решавањето на проблемите.