Со оваа диета може да изгубите преку 10 килограми за две недели

popara29 јули, 20231min00
738249_shutterstock-1015923469_m

Диетата „VMA“ е апсолутен хит, а најдобро од сè, докажано е дека е здрава и ефикасна.

Ова е медицинска диета дизајнирана од доктори. Доколку треба брзо да ослабете, со оваа диета ќе можете да го направите тоа лесно и брзо.

За да има ефект оваа диета се препорачува да се следи најмалку 30 дена и вклучува 3 главни оброци меѓу кои би било идеално да има пауза од 4 до 5 часа и тоа оброците не треба да се прескокнуваат.

Појадокот е ист секој ден и вклучува 1 портокал, 1 парче двопек и чај или кафе без шеќер. Портокалот е составен дел од сите други оброци бидејќи фруктозата лесно се вари и не придонесува за таложење на масни наслаги.

По 5 дена го започнувате менито од почеток.

ПРВ ДЕН

Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај

Ручек: варено јајце, 2 лажици кисела павлака, кисело млеко или јогурт, 1 двопек, 1 портокал

Вечера: 1 до 2 двопека, 2 варени јајца, 1 домат и една краставица

ВТОР ДЕН

Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај

Ручек: варено јајце, две лажици кисела павлака, 2 двопека, 1 портокал

Вечера: 1 двопек, 125 гр мелено говедско месо, кое можете да го пржите во тава со малку масло, 1 домат и 1 портокал.

ТРЕТ ДЕН

Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај

Ручек: варено јајце, 2 лажици павлака (или кисело млеко), 1 свежа краставица, 1 портокал.

Вечера: 1 стек, 125 гр мелено говедско месо, кое можете да го пржите на многу малку масло. Шолја кафе или чај без шеќер и 1 портокал.

ЧЕТВРТ ДЕН

Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек и на крај испијте шолја кафе или чај (без засладувачи). Ако ви здодеа двопекот, можете да го замените со 4 несолени крекери.

Ручек: 1 двопек, 125 гр младо кравјо сирење и 1 домат

Вечера: 2 двопека (или 8 крекери), 125 гр мелено месо и два свежи домати

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: 1 портокал, 1 парче двопек, шолја кафе или чај

Ручек: 200 гр варено говедско месо без сол, како зачин можете да користите малку соја сос, едно парче сланина и еден свеж домат.

Вечера: тврдо варено јајце и 500 гр варен зеленчук

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma