Внимателно погледнете го секој детал!
Само оние со добри вештини за набљудување ќе ги забележат трите панди кои не носат очила за сонце на оваа криенка.
Во морето црно-бели панди кои носат очила за сонце, унгарскиот уметник Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф, вешто сокрил три панди кои се разликуваат.
Некои дури носат и капа, вратоврска или машна за да го комплетираат својот изглед, некои пијат и освежителен пијалок… но само три немаат ништо на себе.
Ако сакате да го соборите рекордот, потребни ви се 11 секунди за да ги пронајдете трите уникатни панди, кои залутале меѓу своите другари.
Дали успеавте?
На сите што успеаја – честитки, а за оние кои не можат да ги најдат, погледнете го решението подолу.