Лесно можете да ја скратите косата, но не сакате да не ви се допадне таквата голема промена.
Затоа еден фризер сподели трикови кои едноставно можат да одговорат на прашањето дали долгата или кратката коса би ви стоела подобро.
Хелен Риви е фризерка на познатите личности, а неодамна на Инстаграм откри едноставен трик кој е совршен за оние кои се неодлучни кога е во прашање промената на фризурата.
– Се што ви треба е подолго стапче и метро – објасни Хелен.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Едната сламка држете ја на страната на лицето под увото вертикално, а другата под брадата хоризонтално за да се допираат. Со рацете означете го местото каде што се спојуваат сламките и измерете го растојанието од врвот на сламката, покрај увото, до ознаката.
Хелен понатаму објаснува:
– Ако ова е повеќе од пет сантиметри, ви одговара долга коса, а ако е помала од пет, ви одговара кратка коса – советува Хелен.
Сè што треба да направите е да го примените овој трик и самите да откриете дали сте биле во право.