Ако сте љубители на чоколадо, тогаш можете да ја направите оваа прекрасна чоколадна торта.
Состојки:
1 шолја брашно
30 гр какао
3/4 лажичка прашок за пециво
3/4 лажичка сода бикарбона
1 шолја шеќер
1/4 лажичка сол
1 јајце
1/2 шолја млеко
75 гр путер
1 лажица масло
1 лажичка екстракт од ванила
1/2 шолја врела вода
За прелив:
100 мл слатка павлака
150 гр чоколадо
За послужување:
сладолед од ванила
Подготовка:
Во сад измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво и сода бикарбоната, па додадете го просеаното какао, шеќерта и солта.
Во друг сад измешајте ги млекото, растопениот путер, јајцето, маслото и ванилата. Добро измешајте, па додадете ги влажните и сувите состојки. Изматете да нема грутчиња, па додадете зовриена вода и продолжете со матење.
Истурете во калап обложен со хартија за печење, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Оставете да се излади 10 минути, а потоа извадете од калапот. Растопете го чоколадото со слатката павлака, па оставете да се излади. Исечете парче торта, покријте го со чоколадо и послужете со сладолед од ванила. Уживајте!